
Штом ќе ја види човек, последното нешто што ќе му падне на памет е тоа дека таа е одличен танчер.
И покрај тоа што е малку полничка, оваа дама е многу поеластична од многу други жени со многу помалку килограми.
Кејти е радио-водителка но може да се натпреварува со професионални танчери од највисока класа и тоа се гледа јасно во клипот во продолжение.
Од сето тоа, најголем впечаток ни направи нејзината самодоверба и фактот дека не и гајле што мислат другите! Сигурно и биле потребни храброст, ентузијазам, упорност и многу вера за да се осмели и да се надмине себе си. И ете, успеала!
httpv://www.youtube.com/watch?v=Tbcoh5hre74