Четири добри причини да се смувате со помлад дечко

popara2 јули, 20141min00
3

Живеењето по правила не само што е досадно и не исполнува, туку ве лишува и од многу убави моменти, кои поради вашиот ограничен поглед никогаш нема да ги доживеете.
А животот е еден. И краток. Затоа еве неколку добри причини поради кои би требало да размислите за врска со помлад дечко.
Има повеќе енергија
Ако имате над 30 години, веројатно веќе сте се сретнале со мажи кои имаат се помалку енергија. Тоа е природно, како што е природно и тоа младиот дечко да биде преполн со енергија. Ако ви фали некој кој секогаш е спремен за акција, младиот дечко е идеален избор.
Не е циничен
Барем не онака како што знаат да бидат постарите мажи. Неговиот поглед кон светот сеуште е по малку детски, а токму тоа е она што на сите нас понекогаш ни треба.
Сака да ве задоволи
Ако е помлад, ќе очекува дека имате високи стандарди, а тие стандарди ќе настојува да ги задоволи на најдобриот можен начин. Тоа значи дека ќе биде несебичен во кревет, што постарите мажи често забораваат да бидат.
Ги слуша вашите совети
Постарите мажи веќе имаат мислење за се, а навиките често не им дозволуваат да го сменат мислењето околу нешто. Младиот тип ќе биде отворен за дискусија, а и без проблем ќе ве послуша, бидејќи знае дека имате поголемо искуство од него.