
Слабата концетрација на витамин Д во крвта се поврзува со поголем ризик од покачен крвен притисок, тврдат експертите.
Иначе витаминот Д се произведува во организмот после изложување на сончева светлина, а преку храна го добиваме од јајцата, млекото, јогурт, сардина, лосос, житарици и портокал.
Новите резултати од Универзитетот на Јужна Австралија како резултат од истражувањето каде учествувале 146 000 лица од Европа и Северна Америка покажуваат дека секое зголемување на концентрацијата на витамин Д во крвта за 10 посто, го намалува ризикот од висок крвен притисок за 8 посто.