Чудовишта од Азија: Meizu Blue Charm Note

26 декември, 20140
10

Веќе подолго време оваа наша рубрика не запознава со телефони од Азија (не мора да значи само Кина), кои имаат одлични перформанси и најважно, неверојатно ниска цена. Сепак, новиот уред на Meizu е апсолутен крал на ова поле…

Телефонот е phablet со својот 5,5 инчен екран со FullHD резолуција (1920 x 1080 пиксели) и IGZO технологија изработен од Sharp, а е заштитен со Gorilla Glass 3 како најнова технологија.

Продолжуваме со перформансите од 64-битен MediaTek процесор со 8 јадра кои работат на 1,8GHz, како и 2GB RAM и Mali T760 графички процесор. Како што може да забележите, телефонот неодоливо потсеќа на iPhone 5c.

Освен импресивните внатрешни компоненти, Meizu Note ви нуди и 13 мегапикселна камера со сензор изработен од Samsung, со широка f/2.2 леќа и двотонски LED блиц. На предната страна се наоѓа 5 мегапикселна OmniVision камера со f/2.0 леќа.

Телефонот има поддршка за две сим-картички, LTE мрежа, поседува Bluetooth 4.0 и infrared конекции, како и GPS навигација. Батеријата е исто така импресивна со своите 3,140 милиампер часови, скоро двојно поголема од онаа кај iPhone 6.

Телефонот ќе се најде во продажба оваа зима, по цена од само 130 евра за верзијата со 16GB меморија и 145 евра за верзијата за 32GB меморија. Meizu Blue Charm Note можете да го нарачате онлајн преку веб-страната на компанијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *