Citroen ветува автомобил со потрошувачка од 2 литри на 100 километри

17 октомври, 20140
8

Citroen за авто-саемот во Париз подготви концепт базиран на C4 Cactus, кој го носи името Airflow 2L, а ветува неверојатно мала потрошувачка на гориво од само два литри…

Откако Renault за саемот во Париз го најави својот револуционерен концепт EOLAB, кој треба да троши само еден литар гориво на 100 километри, уште еден француски произведувач на автомобили, Citroen, подготвува своја верзија, под името C4 Cactus Airflow 2L.

Како што и самото име говори, тој е базиран на актуелниот, футуристички модел C4 Cactus, а ветува просечна потрошувачка од два литри. Автомобилот има маса од само 865 килограми, што е за околу 100 килограми помалку во однос на „обичниот“ Cactus, додека за погонот се грижи исиот агрегат кој го движи и Peugeot 2008 Hybrid Air.

Станува збор за троцилиндричен 1,2 литарски Puretech бензинец од 82 коња, а покрај него системот го дополнува и специјалната хидраулична пумпа, како и резервоарот за компресиран воздух, по што и самата погонска единица го доби името. Овозможени се три режими на работа – само на бензин, само на воздух, како и комбиниран мод.

Истовремено, ниту перформансите не се за потценување, бидејќи спринтот до 100-ка трае 9,5 секунди, додека максималната брзина изнесува околу 195 km/h. Иако се уште станува збор за концепт, конструиран според спецификациите кои ги дадоа француските власти со цел до 2020-та да се понуди возило со просечна потрошувачка од 2 литри на 100 километри, C4 Cactus Airflow не е далеку од сериското производство. Тоа е така бидејќи тој е базиран на веќе актуелниот модел, за разлика од студијата EOLAB на Renault.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi