Дали некогаш сте се запрашале: Зошто бебето во рацете на просјакот секогаш спие?

18 ноември, 20141
9

Во близина на автобуската станица седи жена. Косата и е неуредна и валкана, погледот жален и мрачен. Жената седи на валканиот под, а покрај неа има торба. Во таа торба луѓето фрлаат пари. На нејзините раце спие бебе.

“Богородица со бебето“ – бројни минувачи ќе донираат пари. На луѓето како нас секогаш им е жал за оние кои имале помалку среќа.

Помагањето изгледа како правилен чекор?

Поминав покрај жената. Не и дадов пари, бидејќи знаев дека тоа е банда. Парите на крај ќе ги земе оној кој ги контролира просјаците на тоа подрачје. Тие луѓе поседуваат бројни луксузни недвижнини и автомобили. И просјакот добива нешто, секако, шише ракија и сендич со плескавица.

Месец дена подоцна…и како гром од ведро небо  ме погоди мислата…Гледам во бебето, облечено како и секогаш во валкани тренерки. Сватив дека изгледа “погрешно“ дете на валкана улица од утро до мрак. Бебето спиеше. Никогаш не кенкаше, не плачеше, секогаш спиеше, со лицето свртено кон жената што најверојатно беше неговата мајка.

Дали некој од вас драги читатели има деца? Дали ви текнува колку често спијат на таа возраст? Час или два најмногу, а не постојано, попладневна дремка и пак плачење. За месец дена, поминувајќи покрај автобуската, никогаш не видов тоа бебе да плаче, не го видов будно!

Зошто да спие цело време?  Потребно ми беше да добијам одговор на прашањето – Зошто бебето спие? И го добив…

Човек што ги разбира овие работи многу подобро од мене и кој со својот одговор ме шокираше со смирен глас рече: Овие бебиња се на хероин…

За бебето да спие по цел ден, потребно е да му дадеш алкохол или дрога. Секако органите на децата не можат лесно да се справат со такви токсини. И децата често умираат. А минувачите ќе фрлаат пари на неговата имагинарна мајка, верувајќи дека се морални…

Следниот ден, жената седеше на подот и во рацете држеше бебе. Но во нејзините раце не беше истото бебе од вчера…

Кога ќе сретнете жена со бебе на улица, размислете пред раката да ви се фати за пари. Размислете за тоа, да не би била вашата милостина, овој бизнис би умрел. Овој бизнис би требало да умре, а не децата на дрога и алкохол. Не гледајте на спиењето на бебето со милост. Погледнете го хоророт…

Бидејќи ја прочитавте оваа статија, сега знаете зошто бебето спие во рацете на просјакот!

Споделете! Можеби токму вие ќе спасите живот!

 

One comment

  • Nina

    16 мај, 2016 at 15:35

    Големо внимание ми привлече статијава па се решив да пишам. А дали сте се запрашале што им се случува доколку не соберат доволно пари бидејќи спомнувате некој кој ги тера тоа да го прават некој над нив кој има пари, коли…. Не дека јас го оправдувам нивното просење или како и да го наречиме, но треба да размислиме од повеќе аспекти. Позз

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *