Дали сродната душа, која ќе ја пополни празнината во вашата душа навистина постои?

6 септември, 20140
2
Сте помислиле ли некогаш дека вашата сродна душа, вашата друга половина која ќе ја пополни празнината во вашата душа навистина постои? Уште од древните времиња се верувало дека токму тоа е објаснувањето за сродните души: од едно настанале две, па се бараат низ целата вселена и низ времето.

Древните народи преку митологијата на различен начин ја објасниле љубовта, сродните души и причината поради која сме зависни од некого. Еве како тие ја сфаќале љубовта и причините поради кои со некого толку добро си “пасуваме”:

Грчка митологија

Според античките Грци, човекот бил направен со четири раце, четири нозе и една глава со две лица. Во ова тело имало само една душа. Откако биле создадени, нивната сила почнала да расте бидејќи за разлика од животните и другите митски суштества, биле многу интелигентни. Затоа Зевс, врховниот бог, се исплашил дека нивната сила ќе ги надмине и боговите, па ги поделил на два дела, и креирал луѓе со две раце, две нозе и само една душа која ја делат со некого кој има друго тело. Ги осудил да поминат цела вечност барајќи ја својата друга половина да ги дополни, и да се чувствуваат комплетни. Двете половини се всушност – сродни души.


Јапонска митологија

Според Јапонците,секој вид на љубов: романтична, сексуална, пријателска, платонска, семејна – секоја љубовна врска се случува поради црвената жица на судбината, која не’ поврзува со луѓето кои ги сакаме.

Црвената жица на судбината потекнува од далечниот Исток, од легенда која потекнува од Кина, но подоцна била прифатена во јапонската митологија. Според овој мит, боговите врзуваат една невидлива црвена жица околу зглобовите на мажите и жените кои имаат судбина еден ден да се венчаат, и кои се сродни души.

Двајцата луѓе се поврзани со црвената жица, и на нив им е пишано да бидат љубовници. Таа врска, велат во Јапонија, не може да се одбегне, бидејќи на боговите никој не може да им се спротистави и не може да оди против нивната волја. Магичната жица може да се витка, да се тенчи и оштетува, но не може да се скине. Таквата љубов е вечна.


Души близначки

Митот за сродната душа претставува човечка потрага по комплетност и перфекција. Древните источни религии како Мајански будизам и хиндуизам верувале дека универзумот има бескрајни циклуси на кондензација и фрагментација, кога универзумот ја напушта состојбата на перфектна целина, за да се претвори во мали делови на совест и свест. Луѓето, според овие верувања, се микро честички од Господ, кој го носат во себе, и не се свесни дека треба да се вратат кон својата цел – целината. Затоа го поминуваме животот во потрага по нашата душа близначка, а кога ќе ја пронајдеме, самите ја креираме својата патека и судбина бидејќи живееме во целост.

Спиритизам

Спиритизмот, западна реинкарнационистичка религија, верува дека сродните души се реинкарнираат и повторно се пронаоѓаат во друг живот, притоа помагајќи си да еволуираат од едно време во друго. Според ова, вашата сродна душа не е пишана да биде со вас само овој живот, туку во цела вечност. Од живот во живот нашите души се чистат и се ослободуваат од малите грешки, за на крај да живееме со нашата сродна душа во перфекција и нашите души дури тогаш да одлутаат некаде во вселената.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi