Облека која визуелно ги брише килограмите

6 септември, 20140
66

Со неколку трикови на комбинирањето на гардеробата може да изгледате и пет килограми повитки.

ps98

Еве неколку препораки.

За потенок струк –  Визулено тоа се постигнува со фустан кој е струкиран и врз него широк црн или темно-син ремен од десетина сантиметри. Уште повитки ќе изгледате и ако струкираниот фустан, како и ременот, е во темна боја.

За потенка фигура – Малиот црн фустан овој проблем најдобро го решава. Треба да биде со класичен крој и се разбира, струкиран, а со должина малку над колениците. Никако немојте да се „сокривате“ под широките (вреќа) фустани зашто со нив само ќе ја влошите работата.

За помали гради – Иако големите гради се привлечни, често тие знаат да покажат дека неколку килограми повеќе на вас се во прашање. Доколку имате големи гради одберете краток ѓердан во комбинација со светкави или впечатливи обетки кои ќе го пренасочат вниманието. Одберете и еднставен еластичен градник, а не градник кој е богат со детали и неколку слоеви на тантела. Облечете блуза со В-израз или кошула на која ќе бидат, во зависно од моделот, двете или три горни копчиња отпетлани.

Со голем, гломазен, впечатлив ѓердан може да изгледате повисоки и послаби, но за ваквиот трик треба да имате и помали гради.  Всушност, целото внимание ќе биде ставено на ѓерданот, а евентуалната телесна несовршеност паѓа во втор план.

ps 1718

Повитки во една боја – За да постигнете ефект на издолжување на телото решението е еднобојна комбинација, без разлика дали се работи за костум, фустан или панталони со кошула. Ако од главата до стапалата се облечете во една боја, дури и на ниски потпетици ќе изгледате повисоки.

За издолжување на нозете – Визуелно тоа се постигнува со избор на чевли според нијансата на кожата. Синџирчето околу глуждот на ногата исто така го пренасочува вниманието па несовршените нозе стануваат привлечни.

За визуелно намалување на рацете – Често вишокот на килограми се гледа на рацете, поточно на трицепсите кои се големи или опуштени. Во летните денови свилената марама  префрлена околу рамената лесно го сокрива овој проблем, а во постудениот период помагаат кашмирските елегантни шалови како и памучниот топ во црна боја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş