Дали во последните неколку недели се чувствувате уморно, подуено или мрзеливо? Хормоните за време на менструацијата ве вознемируваат и влијаат на вашето расположение, кожа и ум, а откако ќе помине, нивното ниво се стабилизира, но сепак многу фактори како што се стресот и анксиозноста, можат да влијаат на нив.
Доколку забележите дека имате некој од следните четири симптоми на хормонален дисбаланс, обратете се кај вашиот лекар.
Замор
Исцрпеноста секогаш е причина да одите на лекар, бидејќи постојат бројни опасни причини кои би можеле да ја предизвикаат. Доколку сте уморни после напорната недела на работа, тоа е сосема нормално, но доколку се чувствувате така константно и доколку килограмите почнале да ви се нафаќаат и да имате промени во апетитот, можно е да имате проблем со недоволно активна тироидна жлезда. Доколку сте уморни без причина, јавете му се на лекарот.
Промени на кожата
Акните може ви се јавуваат заради тоа што заборавате да се измиете пред да си легнете, но треба да имате во предвид дека појавата на акни на долниот дел од лицето може да е индикатор за високо ниво на тестостерон. Иако тоа не е опасен проблем, може да влијае лошо на вашата психа. Лекарот може да ви препише лек за стабилизирање на нивото на овој хормон, со што ќе ви се прочисти и кожата.
Необична менструација
Исто како заморот, и необичната менструација може да биде резултат на многу фактори, како што се стресот, проблеми со тироидната жлезда, ниско ниво на естроген или синдром на полицистични јајници. Полицистичните јајници сигнализираат нередовни менструации, како и потешкотии во слабеењето и необичен раст на влакна.
Потење во текот на ноќта
Освен ако не ви е премногу топло во собата, будењето во пот може да биде сигнал дека имате ниско ниво на естроген или ретка овулација – перименопауза. Перименопаузата може да започне и 10 години пред менопаузата. Обратете се кај лекарот и проверете за што точно станува збор.