Научни докази за постоење на живот после смртта

14 октомври, 20140
12 copy

Смртта е неизбежна, но научниците сега веруваат дека конечно ја откриле светлата точка на крајот од тунелот. Најголемата медицинска студија во врска со искуствата на блиска смрт и вонтелесни искуства откриле дека човечката совест може да продолжи да функционира иако мозокот престанува со работа.

Станува збор за контроверзна тема која до сега е третирана со општ скептицизам. Сепак, научниците од универзитетот во Саутемптон во рок од четири години испитувале повеќе од 2.000 личности кои имале срцев застој во 15 болници во Британија, САД и Австрија. Тие откриле дека речиси 40% од луѓето кои имале срцев застој опишале дека имале свест во времето кога биле во клиничка смрт, пред нивните срца повторно да преработат.

Еден пациент се присетил како во целост го напуштил своето тело и гледал како лекарите го враќаат во живот. Иако бил мртов три минути, 57-годишниот работник од Саутемптон се сетил на првите постапки на докторите, па дури го опишал и звукот на машината.

– Знаеме дека мозокот не може да функционира кога престанува работата на срцето. Сепак, во овој случај, свеста продолжила во траење од три минути, иако тоа време срцето не биело и мозокот не функционираше во рок од 20 до 30 секунди. Човекот опиша се што се случувало во просторијата, но она што е уште поважно е што слушнал звуци на машина во периодот од три минути. Така знаеме колку траело неговото вонтелесно искуство. Се што кажа навистина се случило додека тој беше во клиничка смрт, изјави д-р Сем Парни, предводникот на ова истражување.

Од вкупно 2.600 пациенти од студијата, 330 преживеале, а 140 од нив изјавиле дека почувствувале некоја свест додека ги оживувале. Иако многу пациенти не можеле да се сетат на поспецифични детали, одредени чувства постојано се појавувале. Еден од пет пациенти изјавувал дека имал необично чувство на мир, додека скоро третина од нив изјавиле дека времето било забрзано или бавно. Некои од пациентите тврдат дека виделе силна светлина или сончев сјај, додека други почувствувале страв, одвоеност од телото и зголемено чувство на слух.

Д-р Парни верува дека слични работи почувствувале и многу други пациенти кои биле на работ на смртта, но користењето на лекови и седативи придонело тие да не се сеќаваат на ова искуство.

– Проценуваме дека милион луѓе имале мошне изразени искуства во ситуации блиски до смрт, но научните докази се двосмислени. Многу луѓе мислат дека станува збор за халуцинации и илузии, но тие се поврзани со вистински случки.

Д-р Дејвид Вајлд, истражувачки психолог од универзитетот во Нотингем, се надева дека ова истражување ќе покрене нова студија која ќе се занимава со оваа контроверзна тема.

– Многу истражувања се ретроспективни и стари 10 до 20 години, но овде истражувачите барале примери и користеле навистина голем број на случаи, со цел да се постигне поголема валидност. Постојат навистина добри докази дека овие искуства се случуваат по медицинската смрт. Се уште не знаеме што се случува по смртта и се надеваме дека оваа студија ќе ни помогне да дојдеме до нови научни сознанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *