
Кога работничката на музејот ги извлекла белите дробови од телото на волкот, дечињата ги затнале носевите поради мирисот на изгниеното месо, но дел од нив сепак љубопитно набљудувале.
Пред неколку дена, 18-месечната здрава жирафа Мариус беше убиена во зоолошка градина во Копенхаген. На мажјакот му пукале во глава, а потоа месото им било фрлено на лавовите.
Животното наводно морало да умре поради европските прописи за забрана на парење на единки од исто легло.

