
Она на што внимаваат многу од актерите е да не откријат со кој метод ги изгубиле тие килограми, за да не им дадат инспирација на тинејџерите и лицата кои се борат со анорексија.
Но, некои од нив на крајот сепак ја споделуваат својата тајна со јавноста. На пример, Ен Хатавеј призна дека се подложила на многу строг метод за улогата во Les Miserables, така што прво направила прочистување на организмот при што изгубила пет килограми, а потоа во рок од две недели изгубила уште осум килограми така што јадела само по една овесна каша дневно.
„Морав да изгледам како да сум пред смрт. Кога ќе се навратам на тоа искуство, не жалам за стореното, но морам да признаам дека беше лудо” – вели Хатавеј за диетата.
Метју Меконахи пак уште не ја кажал својата диета со која изгуби повеќе од петнаесет килограми за улогата во Dallas Buyers Club, но папараците редовно го фаќаат како излегува од тератана и на секоја фотографија е сè послаб. Тој вели дека едноставно мора да го навикнете телото дека ќе остане без храна, за тоа да почне да се храни само од себе.
Но, не секој од нив применува драстични мерки за да ги симнат килограмите. На пример, Џени Мекарти советува да се јаде лубеница доколку сакате да компензирате за храната која би требало да ја внесете, затоа што лубеницата ви дава чувство на ситост и ве снабдува со течност.
Оливија Вајлд која инаку е вегетаријанка вели дека најдобро е да намалите со лебот и алкохолот, а додека пак актерката Ејми Адамс се нафатила на необичен метод за да ги симне килограмите кои и се наталожиле после бременоста и почнала да зема часови за танцување на шипка само за да не мора да вежба на лента за трчање.
