
На концерот на Жељко Јоксимовиќ во Охрид вечерва ќе се придружи и талентираниот Даниел Кајмакоски, кој со својот безпрекорен глас ги освои симпатиите ширум регионот.
Спортскиот центар Билјанини извори веќе е подготвен за големиот концерт вечерва, а Даниел нестрпливо очекува да застане пред својата публика.
“Со нетрпение го очекувам концертот! Голема чест ми е што ќе настапувам со Жељко и тоа пред мојата публика во мојата родна земја! – изјавил Даниел.