Семејството на Шумахер е многу среќно и му верува на тимот доктори кои го лечат. Неговата состојба сеуште се смета за стабилна, наведе менаџерката Сабина Кем. Менаџерката на Шумахер, соопшти денеска дека бившиот шампион во Формула 1 е во стабилна состојба. „ Семејството на Шумахер е многу среќно и му верува на тимот доктори кои го лечат. Неговата состојба сеуште се смета за стабилна” наведе во соопштението Сабина Кем. Ова е прв пат неговата здравствена состојба да не биде квалификувана како „критична” Шумахер сеуште е во предизвикана кома во болницата Гренобл по несреќата која ја доживеа на Алпите.