Нека ви биде среќен Светскиот ден на насмевката и ви посакуваме што повеќе да се смеете во 2014 година!
Кога ќе се насмевнете на некого, 9 од 10 луѓе ќе ви возвратат со насмевка, а со тоа ќе го разубавите денот барем на двајца!
Смеењето активира 15 мускули на лицето. Како возрасни се смееме по 17 пати на ден во просек, а најмладите тоа го прават околу 300 пати дневно.
Што е смеењето?
Вистински изгубен ден е денот кога не си се насмевнал!
Оној што не знае да се смее, за него животот ја изгубил радоста и свежината, а оној што се смее од срце, тој не може да има зла душа!
Користете ја секоја шанса за да се насмевнете. Тоа е најефтиниот и најсилниот лек!
Не престанувате да се смеете бидејќи станувате возрасни – станувате возрасни затоа што престанувате да се смеете!
Не можеш, а да не го сакаш човекот што умее да те насмее!
Што се случува кога се смееме и зошто е важно тоа да го правиме почесто? Насмевката ќе ти даде десет години повеќе живот! Ова е древна кинеска поговорка. Обично во народната мудрост има многу повеќе вистина отколку во повекето научни истражувања…зошто поговорките се темелат на илјадници години искуство. Неслучајно разликата помеѓу знаење и мудрост е голема.
Кога се смееме во телото се лачи ендорфин, хормон на среќата, што го зајакнува имуниот систем, а тоа го прави организмот отпорен на влијанието на различните фактори.
Има статистики кои докажуваат дека луѓето кои се смеат повеќе и гледаат позитивно и ведро на животот, боледуваат поретко од останатите и се реализираат поуспешно во сите сфери.
Позитивното мислење е мислење со акцент и вера во добрата страна на нештата, а не нереален розов филтер!
– Чашата е до пола полна,
– Грешката е лекција, а не доказ за неспособност,
– Проблемот е предизвик и уште една шанса да си докажеш на себе,
– Темнината е неопходна, за да ја откриеме светлината,
– Ако една врата се затвори се отвара друга,
– Секој крај е нов почеток,
Тоа е принципот на позитивното мислење. Погрешно е да се смета дека оптимистите се луѓе кои немаат потешкотии, проблеми, болки, загуби или дека си ги затвараат очите и не гладаат. Тоа се само луѓе што се смејат повеќе, ги прифаќаат перипетиите како нормален дел од животот. Песимистите се фокусирани на негодување за што треба и не треба, а тоа реално го продлабочува секој проблем и не го решава.
Насмевката го намалува стресот и штити од болести на срцето и крвните садови, потврди најновата студија посветена на оваа тема.
Експертите откриваат дека насмевката го намалува нивото на стрес и го намалува срцевиот ритам, додека човекот извршува тешки задачи. Експертите ги анализирале последиците од различните видови насмевки во тешки ситуации.
Авторите на студијата ги поделиле насмевките на две категории – стандардни насмевки кои ги активираат мускулите околу устата и искрени насмевки кои ги ангажираат мускулите околу устата и очите.
И еве накратко за резултатите од експериментот: Во споредба со луѓето со неутрален изглед на лицето, учесниците кои се смееле имале многу постабилен и нормален пулс после опоравувањето од стресова ситуација на која сите учесници биле подеднакво изложени.
Според д-р Пресман откритието покажува дека насмевката по време на кратка стресова ситуација може да помогне за намалување на интензитетот на стресовата реакција на телото независно дали човекот навистина е среќен.
Затоа секогаш кога ќе ви биде тешко и кога сте лошо расположени, насмевнете се неколку пати пред огледало. Ништо не губите, насмевката е безплатна и многу моќна!