Дешифрирана тајната заклетва на италијанските мафијаши

10 јануари, 20140
5

Италијанската полиција успеала да го дешифрира мистериозниот кодиран текст кој содржи детали за тајната иницијација во мафијашката организација.

Текстот напишан со специјални букви припаѓа на криминалната група од Калабрија која важи за најголема организација за криумчарење на кокаин во Европа.

Се работи за заклетва што новиот треба да ја изрецитира пред да стане член на групата. Текстот е напишан на три страници со азбука која е мешавина од арапски, кирилица и кинески букви, а е пронајден во скривница за оружје. Го дешифрирале двајца полицајци љубители на енигматика, а им биле потребни неколку седмици да го разбијат кодот.

Ндрагета во моментов важи за најмоќна мафијашка организација во Италија, пред сицилијанската Коза Ностра. Криминалната мрежа  делува ширум Европа и соработува со колумбиските нарко картели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit