Деталните анализи на Стоунхенџ откриваат застрашувачка тајна

12 септември, 20140
8
Долго се сметало дека Стоунхенџ, кој е изграден 2.400 години пред нашата ера е целосно осамен споменик, но сега археолозите веруваат дека околу мистериозните камења наредени во круг, всушност се наоѓале многу други верски објекти.

Најсовремената техника на радарско скенирање им овозможила на експертите да отркијат под површината на земјата цел комплекс на светилишта и објекти, кои биле користени за извршување на застрашувачки обреди.

Своите откритија, научниците ги претставија вчера на Британскиот фестивал на науката во Бирмингем и во таа прилика објаснија како напредната радарска техника е развиена специјално за проектот на изградба на дигитална мапа, на длабочина од 3 метри под земја.

Меѓу откриените структури е и дрвена градба долга 30 метри, која била оддалечена околу четири километри од Стоунхенџ. Експертите мислат дека на ова место се извршувани сложени ритуали, вклучувајќи и отстранување на месо и екстремитети од телата на покојници.

Тие претпоставуваат дека објектот го користеле седум генерации на едно исто семејство, пред да исчезне под земја и да падне во заборав. „Тука е Стоунхенџ, голема структура која служела за обредни цели во кои се собирале луѓе од различни краеви од земјата. Но, околу него луѓето правеле сопствени храмови и светилишта“, објасни водичот на проектот професор Винсент Гафни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *