„Се поправив 17 килограми кога бев бремена, вишокот главно се состоеше од бебето и течности. Два дена по раѓањето изгубив 10 килограми. Се вратив брзо на јогата и велосипедизмот. Јас сум жив доказ дека не треба да станете кит во бременста. Не мора да се здебелите мнигу килограми од кои никогаш не ќе може да се ослободите, а може навистина при тоа да бидете здрави, изјавила Лони.
Нејзиниот син Роди Неш е роден со 3,9 килограми, бебето е сосема здраво. а нејзиниот начин на исхрана кој збуни многумина, изгледал вака.
Појадокот се состоел од многу овошје – половина лубеница, шест или повеќе големи портокали, грозје, јаболка, ананас, итн.
За ручек, се подготвува и еден литар сок од шест или повеќе банани, понекогаш пиво и кокосова вода и многу ретко парче месо.
За ужинка повторно банани- шест парчиња, а за вечера, салата, печен компир, пире од компири, чинија асаи бобинки и сладолед од банана.
Овој тип на исхрана за време на бременоста предизвика многу негативни коментари. Многумина ја нарекуваа неодговорна и нарцисоидна, а експертите тврделе дека таквата диета го загрозува здравјето на бебето.
Лони не се грижела за критиките. Таа открила дека нејзиниот син ќе го одгледа како веган. А кога момчето ќе порасне, ќе биде во можност само да избира како да се храни.