
Ќерката на музичарот Боб Гелдоф и на починатата Пола Јејтс е пронајдена мртва во својата куќа во Кент, каде живеела со сопругот и со двајцата синови.
Во куќата е пронајдено „вообичаено количество” лекови, но немало ниту траг од опијати. На нејзиното тело немало виливи повреди.
Полицијата соопштила дека нејзината смрт не ја третира како сомнителна, и дека младата Пичис веројатно умрела со природна смрт. Од што точно, сè уште не е утврдено.
Британскиот „Дејли меил” пишува дека Пичис била на ригорозна „течна” диета, која подразбира само консумирање сокови од пасиран зеленчук и овошје.