Детското писмо кое го расплака Балканот!

popara23 мај, 20141min00
detsko-pismo-do-nepoznato-drugarce-vo-srbija-stopli-mnogu-srca-1

Со своите љубопитни и исплашени очиња ги гледаа мајките како плачат и загрижено  бараат прибежиште бегајќи од куќата само со  најнеопходните работи. Меѓу нив нема место за играчки, камиончиња, коцки, мечиња, кукли…

Дечињата се оние кои најмногу страдаат. Но, знаат да бидат и сочувствителни. Не само оние кои страдаат, туку и оние кои тоа го гледаат некаде далеку.

Така, едно мало момче по име Доминик од Самбор се сетило да напише писмо и како подарок да ја испрати својата играчка за некое непознато детенце кое ја изгубило во поплавите.

Фотографијата со писмото ги обиколи мрежите Фејсбук и Твитер и допре многу срца.

„Драго непознато другарче, јас се викам Доминик. Имам 8 години и живеам во Сомбор. Жал ми е што си морал да ја напуштиш својата куќа, па затоа ти ја праќам мојата играчка како мал подарок. Можеби еден ден ќе се запознаеме. Доминик“ – гласи пораката на малото момче.

detsko-pismo-do-nepoznato-drugarce-vo-srbija-stopli-mnogu-srca-1

Овој убав гест на Доминик сигурно ја вратил насмевката на лицето на она дете до кое стигнало писмото, а кај сите други ги врати вербата, љубовта, сочувството и хуманоста.