33-годишната старлета за своите пријателки и сестри нарачала 15 шишиња шампањ во нејзината соба во Four Seasons Hotel George V, од каде малку подоцна се упатиле на вечера.
Hotel Costes бил ресторанот во кој се одржал главниот дел од девојачката на Ким. По кратка фотосесија, забавата продолжила во приватен клуб во Ајфеловата кула.
Ким за девојачката прослава одбра краток Balmain фустан, извезен со стотици монисти и светло кремасти шпиц чевли.