Девојката на синот на Цеца живее како филмска ѕвезда

7 ноември, 20140
9

Девојката на Вељко Ражнатовиќ, Аника Ѓурашковиќ (20) се фали со луксузниот живот и сцените кои обичните смртници ги гледаат само на филм. Живее во вила од 1.000 квадрати, има обезбедување, слуги, фризери, масери и приватен авио превоз.

Покрај тоа што е богата Аника е и многу убава. Таа е ќерка на бизнисменот Мило Ѓурашковиќ, а покрај сестрата близначка Ања, има уште една сестра и двајца браќа.

Од пред месец дена таа е во врска со Вељко Ражнатовиќ и од тогаш е медиумски препознатлива.

Наследникот на Цеца и неговата нова девојка, која ја замени Маша, ќерката на Звездан Терзиќ, не кријат дека се во врска, која нивните семејства ја поддржуваат.

Аника и Вељко се често заедно, како во текот на денот, така и во текот на ноќта кога излегуваат во ноќните клубови.

Ако сакате да ѕирнете зад ѕидините на “замокот” на Ѓурашковиќ во белградската населба Браќата Јерковиќ, можете да го погледнете видеото, но имајте на ум дека е од 2009 година, така што ентериерот можеби претрпел измени, бидејќи го менувале стариот мебел со нов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *