Ќе се шокирате кога ќе дознаете колку всушност калории содржи алкохолот

7 ноември, 20140
8

Околу 40% од луѓето не знаат дека чаша вино има подеднакво калории (120) како и парче торта или дека големо пиво и колбас содржат ист број калории (170), покажува истражувањето на британското министерство за здравство.

Истражувањето спроведено во Англија помеѓу две илјади возрасни лица е дел од владините настојувања да се намали навиката на пиење алкохол.

Во кампањата исто така се нагласува дека по големата количина пиење често следи и нездрав доручек што дополнително придонесува кон нафрлањето килограми.

Истражувањето покажало дека обожавателите на пивото кои пијат пет пива неделно, односно 250 годишно внесуваат иста количина калории како и некој кој во текот на годината јаде 221 крофни.

Доколку сте склони кон дебелеење најверојатно внимавате на секоја калорија која ќе ја внесете во организмот и избегнувате грицки, слатки притоа постојано размислувајќи кои намирници ќе ги употребите дента за ручек… Но дали ги броите калориите од алкохолот? Би требале!

Алкохолот не е храна, но изненадувачки е колку калории содржи. Две-три пијачки во кафуле буквално заменуваат еден цел оброк, а од нив дополнително огладнувате.

Немојте да се форсирате со држење на ригорозни диети, едноставно намалете го внесот на алкохол во организмот и ќе решите голем број проблеми. Погледнете го инфографикот кој ги содржи сите информации околу тоа колку калории секоја пијачка содржи:

5

6

7

Се разбира, понекогаш човек мора и да се напие некоја чашка, но имајте ги во предвид фактите од овој инфографик секогаш пред да влезете во кафана, кафуле или клуб.

Поголемиот дел на луѓето знаат дека премногу алкохол може да доведе до зголемување на обемот на стомакот и кожата која виси, но многу мал број го имаат на ум овој факт за време на викендите кога најважно од се е релаксирањето и уживањето.

Меѓутоа, ако сте викендашки консумент на алкохол, не е на одмет да знаете кои варијанти односно пијалоци се “добри”, а кои не се.

Еве неколку корисни факти…

Калориите не се најважни

Калориите во алкохолните пијалоци се само половина од приказната. Ако сакате бројки, погледнете ја листата која следи и дознајте колку калории има во вашиот омилен пијалок:

џин, вотка и тоник – 126 калории
кафеав рум и кола – 142 калории
среднa чаша бело вино (175мл) – 130 калории
среднa чаша црвено вино (175мл) – 120 калории
светло пиво (5% алкохол) – 240, 250 калории
темно пиво – 210 калории
бренди, ракија (50мл) – 110 калории
виски (50мл) – 110 калории

Според оваа листа црвеното вино е победник гледано според бројот на калории, благодарение на ниското ниво на шеќер, но вистина е дека нема секогаш да бидете во можност да го пиете.

Пред да поминеме на делот за алтернативите на црвеното вино, еве што друго треба да знаете.

Зошто е добро да се пие умерено?

– алкохолот ја разредува крвта и го подобрува кардиоваскуларното здравје

– антиоксидансите од алкохолот се важни за добро здравје

– умерената консумација на алкохол може да го намали ризикот од кардиоваскуларни проблеми, дијабетес од тип 2 и воопшто да го намали степенот на смртност

– алкохолот може да ја зголеми густината на коските кај постменопаузалните жени

Најдобар избор на пијалок за подобрување на здравјето

– Црвеното вино има најмалку шеќер што значи многу помалку калории, содржи ресвератол, сеуперантиоксиданс кој го спречува развивањето на ракот и ги ублажува показателите на стареењето.

– Пијалоци одстоени во дрвени буриња (виски, бренди, скоч, коњак)-дестилираните жестоки алкохолни пијалоци се бескалорични и полни антиоксиданси.

– Дакири (од овошје во вид на боровница) – кога на овошјето во вид на боровница ќе му додате алкохол и издробен лед ќе добиете антиоксидансна бомба и многу здрав коктел.

– Бело вино – содржи малку јаглехидрати и калории и е здрав пијалок без разлика што има 5 до 10 пати помалку феноли и антиоксиданси отколку црвеното вино.

Белото вино е по многу работи подобро од сите останати алкохолни паијалоци, но не може да се мери со црвеното вино.

– Светло пиво – по содржина е многу слично на белото вино, но сепак бидете умерени во неговата консумација.

Што да избегнувате

– Жестоките пијалоци како вотка, џин и бел рум имаат многу калории споредено со горенаведените пијалоци, а не се здрави и немаат никаква корист.

– Темните и останати видови на пиво имаат антиоскиданси, но и многу калории.

– Благите коктели кои содржат голем процент на шекери (некои пијалоци, сирупи, сокови) не содржат никаква здрава состојка.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi