Девојки внимавајте: Ги изгубила ноктите, косата, помнењето од користење…

24 ноември, 20140
1

Џоана Картрајт (27) од Јужен Јокшир поминала осум дена во кома, откако доживеала токсичен шок поради инфекција предизвикана од тампон.

Пред две години, лекарите ја ставиле Џоана во вештачка кома за да ѝ го спасат животот, но не можеле ниту да претпостават дека таа нема да може да ги препознае своите три ќерки, кога ќе се разбуди.

Таа прво мислела дека има грип, бидејќи симптомите биле слични. Но, неколку часа подоцна завршила во болница, а лекарите после прегледот го известиле семејството дека Џоана од смртта ја делат само неколку часа, бидејќи нејзините органи почнале да откажуваат поради инфекцијата.

За да ѝ го спасат животот, ја ставиле во вештачка кома, за нејзиниот организам да може да се избори со агресивната бактерија. Во меѓувреме, нејзе ѝ се излупиле осум слоеви кожа, рацете целосно ѝ потекле, ѝ опаднале 50 отсто од косата и сите нокти. Но, успеала да се избори.

Меѓутоа, по осум дена, кога конечно се разбудила од кома, лекарите ги очекувал шок. Инфекцијата во меѓувреме стасала до нејзиниот мозок, па поради тоа оваа мајка на три деца имала менингитис. Како резултат на тоа, не можела да се сети на своите деца.

– Кога се разбудив од кома не знаев што се случува и не се сеќавав на никого. Некој ми даде фотографија од моите деца, но јас не знаев кои се тие. Луѓето ми ги покажуваа девојчињата и бараа да ги наречам по име, но јас не можев – се присетува Џоана, која во кома паднала на својот 25-ти роденден. Кога се разбудила, била опкружена со честитки.

Нејзиното сеќавање после будењето било толку лошо, што не можела да заврши обична реченица – кога ќе стасала до крај, заборавала зошто почнала да зборува. Затоа нејзиното заздравување било многу долго, а и сега, две години подоцна, не може да се сети на сите детали од минатото. За среќа, сега ги препознава децата.

– Не се сеќавам на првите чекори на Скарлет, ниту кога почнала да зборува. На фотографии гледам одмори на кои не памтам дека сум била… Но, среќна сум што воопшто се извлеков и што моите девојчиња се уште имаат мајка – заклучува таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi