Бесниот татко фрла столица кон судијката откако ја слушнал пресудата за убиецот на неговата ќерка

24 ноември, 20140
Бесниот татко фрла столица кон судијката откако ја слушнал пресудата за убиецот на неговата ќерка
Таткото на 2-годишното девојче, кое заедно со своите баба и дедо се наоѓало на улица кога било усмртено од еден возач, замавнал кон судијката со стол, незадоволен од претерано благата казна која му била изречена на возачот.

Судијката во градот Рормонд на возачот му изрекла казна од 120 дена општо-корисна работа, или 60 денови притвор доколку не ја изврши работата, пренесуваат светските медиуми.

Судијката, во образложението на пресудата, навела дека на осуденикот му следува казна каква што се изрекува во слични случаи.

Локалните медиуми, меѓутоа, наведуваат дека оваа блага пресуда била донесена иако возачот во ниеден момент не покажал грижа на совест, ниту пак се извинил.

Видео снимката на која се гледа како бесниот татко фрла столица кон судијката била објавена на Јутуб, по што на социјалните мрежи се појавиле многу критики на сметка на изречената казна.

Според наводите на локалните медиуми, случајот бил споменат и во холандскиот парламент, а пратеникот Јорам Ван Клаверен, наводно остро ја осудил казната како “апсурдно ниска”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi