Диета со брокули – 10 килограми за 10 дена

Првите 6 дена се основната фаза на диетата, а следните 4 дена се дополнителни. Оваа диета е одличен извор на витамини, го забрзува и регулира метаболизмот. Брокулите се едни од најздравите зеленчуци.
Ден 1 и 2: наутро варени брокули без сол, 1-2 чаши црн чај без шеќер. Ручек: 150 гр варено пилешко, супа од зеленчук по избор, 100 гр варени брокули. Вечера: 250 гр варени брокули, 1-2 чаши црн чај без шеќер.
Ден 3 и 4: наутро варени брокули со малку маслиново масло. Ручек: брокули со домати и кромид, парче варена соја 200 гр. Вечера: истото мени како и појадокот.
Ден 5 и 6: наутро салата од брокули со павлака и 150 гр варено телешко месо. Ручек: 200 гр брокули и чаша кисело млеко. Вечера: варено телешко 150 гр и две чаши зелен чај.
Дополнителните последни 4 дена: наутро варени брокули и две белки од јајце. Ручек: риба на скара 200 гр и 150 гр брокули со свеж магдонос. Вечера 4 лажици овесни јатки со јогурт.
Вечерата не треба да биде покасно од 19 часот, а пред спиење се препорачува да се пие по 400 мл зелен чај без шеќер.