Вака ќе изгледаат BMW X5M и X6M за 2015 година

8 ноември, 20140
4

BMW објави фотографии и технички детали за новата генерација M верзии на моделот X5 и X6. Двата автомобили се опремени со V8 мотор што ги прави најсилните сериски BMW возила со погон на сите четири тркала.

Иако се претставени во период од една година, новиот BMW X5 во половината на 2013, а втората генерација на моделот X6 во јуни 2014, нивните M верзии ќе имаат заедничка премиера на престојниот авто-салон во Лос Анџелес.

BMW-X5M-i-X6M-2015-2

X5M и X6M визуелно се издвојуваат од стандардните кросовери на BMW пред се по големите отвори за воздух кои се простираат преку скоро целата површина на предниот браник.

BMW-X5M-i-X6M-2015-3

Овој автомобил располага со 20-инчни алуминиумски фелни со пошироки гуми, Pirelli P Zero (285/40 напред и 325/35 назад).

Michelin Pilot Super Sport UHP (285/35 напред и 325/30 назад) и 21-инчни тркала се достапни како опција.

BMW-X5M-i-X6M-2015-4

Во палетата на бои вметнати се две нови, ексклузивни нијанси на сина и сива – Long Beach Blue Metallic и Donington Grey Metallic

Возачот и патниците ќе уживаат во кабината која е спортски ориентирана, се разбира, со “M” ознаки, кожни спортски седишта и детали од алуминиум и карбонски влакна.

BMW-X5M-i-X6M-2015-5

Сите козметички унапредувања би биле залунди, ако BMW не ги опремел двата автомобили со моќни 4.4 литарски Twin-Turbo V8 мотори.

За разлика од претходната генерација, силата на моторот е зголемена за 20 коњски сили, така што тој сега произведува 575 коњски сили. Максималните вртежи во минута изнесуваат 750 Nm, кои исто така се зголемени за 70 Nm.

BMW-X5M-i-X6M-2015-6

Силата се пренесува на сите четри тркала со помош на новиот M Steptronic автоматски менувач со 8 брзини, кој доби предност во однос на стариот шест-брзински автоматски менувач.

BMW X5M и X6M до стотка забрзуваат за 4,2 секунди, додека максималната брзина им е лимитирана на 250 км/ч.

BMW-X5M-i-X6M-2015-7

Очекувано, овие модели не се шампиони кога се работи за економичност, па просечната фабрички декларирана потрошувачка е проценета на 11 л/100 км.

Овие модели во продажните салони во Европа стигнуваат во март 2015 година, а почетната цена во Германија ќе изнесува 114.300 евра за X5M, односно 117.700 евра за X6M.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *