Поучна приказна: Не откривај ја душата пред сите

8 ноември, 20140
4

Кај еден мудрец дошла млада, убава девојка, целата облеана во солзи.

–        Што да правам? – низ солзи прашала таа.  Секогаш се обидувам да се однесувам добро со луѓето, никого не повредувам, помагам со што можам. И покрај тоа што со сите сум добра, често наместо благодарност и почит, добивам навреди и иронични насмевки. Дури некои се однесуваат отворено непријателски со мене. За ништо не сум виновна и се е толку неправедно и навредливо!

Посоветувајте ме што да направам!

Мудрецот ја погледнал со насмевка и рекол:

–        Соблечи се гола и прошетај така низ градот!

–        Полудевте ли?!

–        Ете гледаш!- се насмевнал повторно мудрецот. Да го покажеш голото тело пред луѓето се срамиш. Зошто тогаш одиш по светот со гола душа?  Таа е отворена како оваа врата. Секој што ќе посака влегува во твојот живот и ако ги гледа твоите добри страни како одраз на сопствените пороци, тој се труди да те навреди, оклевети, понижи. Не секој има храброст да признае дека некој е подобар од него.

–        Погледни ги овие прекрасни цветови! Многу години се грижам за нив и ги полeвам, но ни еднаш не сум видел како распукуваат пупките, макар што после тоа се насладувам на убавината и мирисот на секое од нив. Биди како цвет, откриј го срцето пред луѓето бавно и неприметно.

Види кој е достоен да биде твој пријател и да твори добро, како се полива цвеќе со вода и кој крши ливчиња и го гази цвеќето со нозе. „Девојко, не фрлај бисери пред свињите!“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma