Во интервју за странски медиум дизајнерот открива дека неговата врска со Бакли и официјално е озаконета.
-Изгубив многу пријатели за време на колеџ, речиси половина од моите најблиски, а истото му се има случено и на мојот партнер со кого сум во врска 27 години. Не поврзуваат многу моменти, а тоа што сега веќе сме во брак ме прави многу среќен, открива Форд.
Дизајнерот исто така раскажува и за првата негова средба со Ричард и како се случила љубовта на прв поглед, но и за тоа дека прво нешто што му се допаднало кај Бакли била седата коса со сребрен отсјај. Инаку, 53 годишниот дизајнер и поранешниот новинар го имаат заедничкиот син Александер Џон Бакли Форд, кој го добија преку сурогат мајка.