
Легендарниот кечер неодамна влезе во “WWE Hall of Fame”, а само една вечер претходно се појави во “Monday Night Raw” и тоа после многу години одбивање.
Веста шокираше многу колеги и поранешни ривали, а особено неговиот колега Хулк Хоган кој на Твитер напиша: “RIP WARRIOR. Само љубов. ХХ”.
“Вориор кариерата ја започна во 1987 година и набрзо стана една од најголемите ѕвезди во историјата на WWE. WWE шампион стана на турнирот WrestleMania VI, откако го порази Халг Хоган во епската борба. За цела среќа тој им се обрати на своите обожаватели за време на WrestleMania 30. WWE испраќа искрено сочувство на неговото семејство, пријателите и фановите”, стои на официјалната веб страна на WWE.
httpv://www.youtube.com/watch?v=P9eKIOXDOy8