Пешаците често заради брзање или заради тоа што се нестрпливи решаваат да поминат на пешачкиот премин дури и кога светлото е црвено за нив. Некои податоци покажуваат дека токму тогаш се случуваат многу несреќи.
Ова интересно видео на Smart, покажува едноставна финта што може да го направи чекањето на семафорите поинтересно и да ги задржи пешаците пред семафорот.