Нов идеал за убавина – жените со бујни облини

6 октомври, 20140
4

Ешли Греам работи како plus size модел, а во последните 12 месеци оваа убава жена стана еден од најбараните модели во светот. Неодамна таа се најде на насловните страници на Elle, Love и Teen Vogue.

Оваа 27-годишна Американка од Небраска е сè поуспешна во светот на модата, а со славата и влијанието сака позитивно да влијае во светот и на сите жени да им покаже дека облините можат да бидат секси, пишува Daily Mail.

„Ми зборуваа дека сум предебела, ми зборуваа дека сум грда, дека морам да ослабам за да бидам во модната индустрија, дека имам премногу бел тен за нечиј вкус и слични работи“, вели Ешли.

Но, таа во ниту еден момент не се откажала од идејата да успее, сега ја лансираше линијата за долна облека за полнички жени. Според неа plus size моделите ги претставуваат обичните жени и затоа треба да бидат почитувани во сите медиуми и светот на модата, кој од друга страна е лицемерен.

„Дизајнерите се залагаат за нашите права, но кога треба да постават жени со облини на модните писти никој тоа не го сака“, вели Ешли додавајќи дека го мрази изразот „дебела“ само затоа што живее со здрав животен стил.

„Јас вежбам три до четири пати неделно, ако ги погледнете моите фотографии на Instagarm ќе забележите дека постојано вежбам, го модифицирам менито на исхрана и јадам здрава храна и пијалаци. Едноставно сум градена како крупна жена и не се срамам од тоа“, вели Ешли.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş