
Дали бојата на косата има врска со неверството?
Неодамна на интернет страницата Cheatterville била спроведена анкета меѓу корисниците и било откриено дека најмногу изневеруваат русокосите девојки.
Порталот чиј слоган гласи ‘Немојте да дознаете последни’, е наменет за сите оние кои сакаат јавно да ги именуваат своите неверни партнери и притоа да проверат одредени имиња дали се на ‘црна листа’.
Според нивната анкета најмногу изневеруваат русокосите девојки, а што се однесува до машкиот пол главни ‘швалери’ се оние со смеѓа боја на косата. 43% од неверните жени се русокоси, потоа следуваат бринетите со 23%, додека црните девојки се најверни (11%).
Најневерни мажи се смеѓите (40%), потоа следуваат црнокосите со 23%, русокосите 20% и црвенокосите 5 отсто.
Меѓутоа, овие резултати треба да се земат со доза на резерва, со оглед на тоа дека во испитувањето не биле вклучени оние со бела коса, со перика, келавите, како и оние кои ја фарбаат својата коса.