Се што сакавте да знаете за марихуаната…

popara7 јуни, 20141min00
17

Доброто чувство кое го дава марихуаната доаѓа од спојот на тетрахидроканабинола (THC), кој се наоѓа во канабисот и најмногу влијае на мозокот.

Марихуаната предизвикува да се чувствуваме подобро
Кога THC ќе дојде до мозочните клетки, тие ослободуваат допамин – хемиски спој кој предизвикува среќа. Тоа е делот од мозокот кој ве наградува кога ќе направите нешто добро за себе. Истиот процес се случува кога јадеме вкусен оброк или при секс. Кога прекумерено ќе се конзумира дрога, се создава чувство на еуфорија, што не е добро бидејќи доведува до нарушувања во системот на “наградување”. Кога ќе зачести прекумереното “наградување” со чувство на среќа кај самите себе преку конзумација на дрига, се намалува интензитетот на чувството на среќа при останатите нормални начини на наградување, а тоа води кон апатија и зависност од дрога.

Го блокира создавањето на сеќавања
Активните состојки на марихуаната делуваат во делот на мозокот наречен хипокампус и го менуваат начинот на кој податоците се обработуваат и формираат спомени. Студиите на животните покажале дека ова е особено влијателно додека мозокот се уште се развива – па затоа во државите во кои марихуаната е легализирана, пушењето марихуана им е дозволено на постари од 21 година. Тоа блокирање на формирање сеќавања (меморија) може да предизвика когнитивни оштетувања кај возрасните, доколку пушеле прекумерено во периодот на адолесценција.

Поздрава е од тутунот за белите дробови
Според истражување и студија објавена во “Journal of American Medical Association” марихуаната не ја нарушува функцијата на белите дробови, дури може и да го зголеми нивниот капацитет.

Ги контролира епилептичните напади
Истражувања од 2003-та година докажале дека THC ги контролира нападите бидејќи се поврзани со клетките во мозокот кои се одговорни за регулација и контрола на раздразливост и релаксација, а на нив влијае THC.

THC го забавува напредувањето на Алцхајмерова болест
Марихуаната може да го успори напредувањето на Алцхајмеровата болест. Докажано е дека THC го успорува создавањето на амилоид плакети кои ги убиваат мозочните клетки и предизвикуваат Алцхајмерова болест.

THC ја влошува координацијата и рамнотежата
THC влијае на областа во мозокот која ја регулира одржувањето рамнотежа, држење, координација и времето на реакција. Под влијание на THC ќе ви стане особено тешко да се движите стабилно или да управувате со возило.

Канабисот може да го зголеми ризикот од депресија
Иако нема цврсти докази за тоа дека марихуаната предизвикува депресија, истражување од Холандија покажало дека таа го зголемува ризикот од депресија кај младите лица кои генетски предиспозиции за ментални болести. Интензивна анксиозност, страв, недоверба, напади на паника се вообичаените несакани ефекти. Некаде помеѓу 20% и 30% од рекреативните корисници на марихуана искусуваат интензивна анксиозност. Истовремено, со умерена употреба на марихуаната може да се намали анксиозноста. Кога се користи за медицински цели ја ублажува болката и го потиснува гадењето поради што и често се употребува за ублажување на несаканите ефекти од хемотерапијата.

Чести аудио и визуелни халуцинации
Покрај вистинска психоза, канабисот предизвикува аудио и визуелни халуцинации. Вдишувањето на димот од марихуана предизвикува забрзана работа на срцето. Неколку минути по вдишувањето на марихуана, отчукувањата на срцето можат да ви се зголемат од 20 до 50 отчукувања во минута. Во некои случаи, како на пример козумација на други лекарства покрај марихуаната, бројот на срцеви отчукувања може и двојно да се зголеми. Но ова обично се смирува релативно брзо, по првите 20 минути.

Сува уста
Еден од непријатните ефекти при пушењето марихуана е сувата уста и зголемената жед.

Глад
По конзумирање марихуана, голем број на луѓе чувствуваат потреба за храна. Глад… и тоа многу изразена.

httpv://www.youtube.com/watch?v=__Y0g5X2Ncw

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *