
Голем број жени се водат по правилото дека никогаш не би си фатиле работа со зафатен маж, но сепак има и такви кои се впуштаат во вакви афери. Дел од нив знаат што може да очекуваат и свесни се што прават, остатокот наивно верува во бајка која не може да се оствари.
Ако сте дел од оние кои се впуштиле во нешто вакво, тогаш има некои работи кои треба да ги знаете. Да не речете после дека некој нешто не ви кажал.
Почитувајте се себеси
Она што го имате не е вистинска врска. Прво, вие сте трета страна во нечие семејство кое можете да го уништите, а второ треба да знаете дека сè она што сакате да го имате со него тој веќе го има.
Не бидете убедени дека ќе ја остави сопругата
Една од најчестите лаги кои мажите им ги кажуваат на жените со кои имаат афера е дека ќе ја остават сопругата. Тоа е нешто во што не смеете да си дозволите да поверувате, затоа што ќе заглавите во врска која нема иднина.
Децата
Кога веќе знаете дека има семејство, зошто би застанале во средината на сето тоа? Освен тоа, ако е толку лесно подготвен заради вас да ги остави нив, тогаш кој ви вели дека нема утре да ви го стори истото?
Зошто токму тој?
Мислите дека оженет човек ви гарантира стабилна врска, затоа што е подготвен на брак? Зарем не е попаметно да најдете некој на кој ќе му бидете прв избор? На тој начин нема да уништите ничие семејство, а ќе го најдете она што го заслужувате.
Прекинете ја комуникацијата
Ви се чини дека не можете да го оставите, дека нема да најдете никој како него и се плашите дека нема да можете да го преболите? Како и секое раскинување така и ова. Ќе боли некое време, па ќе помине. Но, мора да ја прекинете секоја комуникација доколку сакате да се извлечете од таквата врска.