Раскинување без солзи: Најдете си нов фраер

22 септември, 20140
4

Плачењето и слушањето романтични песни одамна се демоде кога се во прашање болни раскинувања на врски. Наместо ронење солзи и мрсули, еве малку поинакви предлози.

Доколку тој мисли дека не сте доволно добри за него, не очајувајте – изгубил тој, а не вие.

Ослободете се од неговите работи
Спакувајте ги сите ЦД-а, играчки и останати дрангулии кои ви ги подарил. Кога ќе се ослободите од сите работи кои ве потсетуваат на него, ќе ви биде полесно да го заборавите.

Наздравете и на слободата
Организирајте женско дружење. Муабет, музика, чашка вино и ќе се потсетите колку е добро да се биде соло. Излезете, флертувајте и почувствувајте повторно како е да се заведува.

Вежбајте
Негативната енергија можете да ја испукате на справите во фитнес клубот и ќе се чувствувате многу подобро. Бонус – нека ви текне колку згодни момчиња вежбаат таму.

Не одговарајте на неговите повици
Уште подобро, во именикот на мобилниот неговото име променете го во “Кретенот”. Овој назив ќе ве потсетува дека не вреди да му одговорите на повиците.

Направете си промена на стилот
Отидете на некој третман за убавина, на фризер и купете си нови парчиња облека. Промените нека не бидат радикални, едноставно – удоволете си самите себеси.

Најдете си нов фраер
Не мора да биде ништо сериозно. “Преоден” тип добро ќе ви дојде за враќање на самодовербата и за дружење.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *