Ако се препознаете во некоја од следниве ситуации, можеби е идеално време да ја прекинете врската

22 септември, 20140
6

Ако се препознаете во некоја од следниве наведени ситуации, можеби е идеално време да ја прекинете врската, бидејќи љубовта сама по себе понекогаш не е доволна таа да опстане, без разлика што некои ве убедуваат да верувате во спротивното.

Крајот е секогаш тежок, а уште потежок е кога двајца што се сакаат се разделуваат, бидејќи не е секогаш паметно да се остане во врска која нема напредок и иднина. Следуваат три ситуации во кои со прекинувањето на врската ќе се избегнат комплицирани животни ситуации.

Несогласувања околу битни прашања

Ако вие сакате деца, но тој не сака, најверојатно ќе биде подобро да раскинете веднаш, отколку да чекате тој да го смени мислењето. Доколку веднаш не постигнете компромис, најлошо што можете да направите е да се надевате дека со текот на времето, тој ќе ја смени одуката.

Врска на далечина

На некои парови им успева да ја одржат врската и покрај огромната физичка оддалеченост. Но, една работа е ако разделбата има познат датум на враќање, а сосема различна е ситуацијата доколку луѓето живеат во различни градови, со стабилни работи и ниту еден нема желба да се пресели. Ако градите одвоени животи наместо заеднички, можеби е време да ги преиспитате донесените одлуки и да решите што сакате понатаму во животот.

Различни животни стилови

Спротивностите се привлекуваат, но ако имате различни идеи за тоа каде и со кого треба да живеете, можеби е време за прекин на врската. На пример, ако тој има работа која бара чести преселби или отсуства од дома, а вие не можете да замислите таков живот, тогаш вашите животни стилови не се совпаѓаат. Во таква ситуација, еден од партнерите треба да се согласи на драстичен компромис за да го задоволи другиот или парот треба да се раздели.

Со прекинувањето на врската, се овозможува да пронајдете нова личност која ќе има слични вредности и визии за иднината.

Не е лесно да се прекине врската во било која ситуација. Двајца кои се сакаат мораат да си признаат себеси дека и покрај љубовта што ја чувствуваат, не се еден за друг. Иако во моментот тоа изгледа како најстрашната работа на светот, оние кои знаат да прекинат во вистински момент, ги чека подобра иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi