Мажот вреди колку неговиот збор

22 септември, 20140
10

Жените можат да ја искажат својата љубов со зборови, со прегратки и бакнежи, со милион ситни подароци и внимание, но кога се во прашање мажите, секогаш постои доза сомнеж за искреноста на нивните чувства или само се водат од „легни, ми се чини дека те сакам“.

Машкиот род, наспроти општото мислење дека не знаат да чувствуваат, не се имуни на основната емоционална потреба, љубовта, но нивната рестриктивна способност за комуницирање диктира поинакви начини на искажување на чувствата. Еве неколку знаци кои зборуваат погласно од сите зборови за нивната љубов кон вас.

Човекот вреди колку неговиот збор

За повеќето мажи, зборовите „те сакам“ на некој начин се ветување кон своите партнерки дека нема да ги изневерат, а со самото тоа се обврзуваат на однос без премногу грешки. Tоа кај нив создава многу притисок и страв од неуспех. Тој страв е засилен со фактот дека неуспехот може да се случи во моментот кога се емоционално ранливи, а тоа особено претставува проблем кај оние што сакаат да доминираат и да ги држат работите под контрола, свесни за ризикот кој го преземаат кога влегуваат во врска. Со тие два мали збора, тие се обврзуваат дека ќе бидат со вас и во добри и во лоши моменти, а ако ве изневерат, нема да биде само понежниот пол повреден. Токму поради тоа, ако тој постојано не ви повторува дека ве сака, не значи дека и навистина не е заљубен во вас.

Неговото време

Искажувањето љубов со материјални работи како купување цвеќе, плишани играчки, чоколадо или накит никогаш не го сфаќајте сериозно. Повеќето мажи мислат дека нивната позиција како момче диктира вакво однесување, што не значи дека е производ на искреноста на неговите чувства.

Она што е многу поважно и е најскапиот подарок што можат да ви го дадат, е нивното време. Кога тој повеќе сака да поминува време со вас, наместо со семејството и пријателите, е тоа зборува најгласно за тоа колку е заљубен. Изборот слободното време да ви го подари вас, наместо на сите други забавни работи кои може да ги прави во тој период, е вистинскиот знак дека ве сака.

Суптилни знаци

Како што знаеме, мажите не се многу силни во комуникацијата, барем онаа вербалната, а романтиката не е впишана во сечиј генетски код. Во тие случаи, неговите суптилни знаци се вистинската изјава на неговите чувства. Кога тој ќе застане на ваша страна во некоја непријатна ситуација, кога оди со вас некаде против своја желба, кога ве става на прво место, додека планира нешто и едноставно секогаш е на ваша страна, тие се суптилните знаци кои тој очекува да ги протолкувате како знаци на неговата љубов. За жал, „шифрарникот“ за дешифрирање на овие пораки не го имаат сите девојки и многу често можат пораките да бидат „изгубени во преводот“.

Според ова досега, можеме да заклучиме дека машкото „те сакам“, не само што е ретко, туку може да биде и неискрено. Од друга страна, латинската поговорка во нивниот случај сосема ги дефинира нивните чувства – „дела, не зборови“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi