Докторите ѝ кажале дека нејзинот новороден син умрел, но вистинско чудо го враќа во живот

17 октомври, 20140
Докторите ѝ кажале дека нејзинот новороден син умрел, но вистинско чудо го враќа во живот

Не постојат зборови да се опише оваа приказна, освен тоа дека мајчинската љубов победува се.
Докторите им кажале на родителите Кејт и Дејвид од Сиднеј, Австралија дека едно од нивните новородени близнаци, односно новородениот син е мртов, но потоа се случило медицинско чудо.

Бебето било родено неколку недели порано и било прогласено за клинички мртво. Медицинската сестра го дало безживотното тело на родителите за да се збогуваат со него, но наместо тоа мајката му зборувала на новороденчето наместо да го оплакува.

На снимката се гледа како бебето лежи на мајката, допирајќи се со кожата цели два часа, галејќи го и кажувајќи му дека неговата сестра близначка е добра, и потоа бебете почнало да се мрда се повеќе и повеќе. Докторите ѝ рекле да не се надева премногу дека тоа биле само рефлекси и дека не може да биде живо. Но, моменти подоцна тоа ги отворило очите. Кејт ставила од своето млеко на прстот и бебето веднаш почнало да цица. Докторите биле во шок. Медицинско чудо, бебето Џејми се вратило во живот пред нивните очи!

„Без нејзиниот мајчински инстинкт не верувам дека Џејми ќе беше денес со нас“, рекол таткото.

Денес тие живеат со нивните две бебиња, Џејми и Ејми, сметајќи се себеси за едни од најсреќните луѓе во светот.

https://www.youtube.com/watch?v=cneqgiFFK-U

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş