
Решението за кршливите нокти не мора да дојде во скапо и убаво шишенце за да биде ефикасно. Всушност, постојат природни лекови, кои можете да ги приготвите дома, од состојки кои ги имате во вашата кујна. На овој начин освен што ќе имате фантастични нокти, ќе заштедите пари, а времето ќе ви помине креативно.
Лимонов сок и маслиново масло
Измешајте една лажица маслиново масло со неколку капки лимонов сок, така што ќе направите едноставен, но ефективен домашен лек. Користете ја мешавината најмалку два пати во седмицата. Најпрво нанесете ја на ноктите, масирајте, а потоа облечете памучни ракавици и оставете ја мешавината да делува во текот на ноќта.
Масло од чајно дрво и витамин Е
Една лажица масло од чајно дрво измешано со неколку капки витамин Е, освен што ќе ви помогне да имате поздрави и посилни нокти, ќе ја спречи и појавата на габични инфекции. Мешавината тријте на ноктите колку почесто можете, сè додека не ги добиете посакуваните резултати.
Витамин Е
Капсулите кои содржат витамин Е во вид на масло, се фантастична состојка за домашна нега на ноктите. Витаминот Е е добар за вашата кожа и коса, и секако за ноктите. Отворете ја капсулата, и со неколку капки од маслото нежно масирајте ги ноктите навечер. Потоа облечете памучни ракавици и оставете го витаминот да делува преку ноќ. Третманот треба да се практикува редовно за да ги добиете посакуваните резултати.

Масажа
Лесен и ефикасен третман за кршливите нокти. Доколку имате време создадете си навика да ги масирате ноктите редовно, по неколку минути, со крем за хидратација, крем за нокти или некое масло по избор. Без разлика на тоа кој продукт ќе го одберете, масирањето ќе помогне во хидрација на ноктите и ќе ги омекне кутикулите, а истовремено ќе ја подобри и циркулацијата правејќи ги ноктите посилни, поздрави, а ќе можат да растат и подолги без да се оштетат.
Третман со морска сол
Измешајте две лажици морска сол со малку лимонов сок, масло од темјан, и масло од чајно дрво. Мешавината ставете ја сад со топла вода и киснете ги рацете по 10 до 15 минути два пати во неделата.
Хербална маска
Направете ја оваа хербална маска и наскоро ќе стане вашиот омилен домашен лек. Во шолја врела вода, ставете чај од нане и камилица, оставете ги да отстојат половина час, а потоа извадете ги кесичките и додадете половина лажица маслиново масло и две лажици брашно. Измешајте и маската нанесете ја ноктите. Оставете да делува меѓу половина час до час, а потоа исплакнете со млака вода.

Пиво
Направете мешавина од еднаква количина маслиново масло и јаболков оцет, и половина од количината пиво. Мешавината треба да биде топла, а ноктите треба да се киснат во времетраење од околу 15 минути по третман.
Лимонов сок
Средствата за отстранување на лак за нокти често можат да ви ги направат ноктите многу суви и да придонесат кон нивното кршење и лупење. Лекот за ова е едноставен – лимонов сок. По отстранувањето на лакот, исцедете лимонов сок и намокрете памуче со него, а потоа поминете со него детално по кој нокот. Со остатокот од лимоновиот сок масирајте ги ноктите, а потоа исплакнете ги со млака вода. Вашите нокти ќе изгледаат многу подобро, жолтите дамки ќе исчезнат, а ноктите ќе ви изгледаат посветли од кога било.