
Брокулата, како и секој друг зеленчук од фамилијата зелки е преполна со Ц витамин. Една чаша брокула обезбедува 104 гр. витамин Ц. Исто така, богата е и со растителни влакна, селен и други хранливи материи кои се одлични во борбата против канцерот. Понатаму, докажано е дека брокулата го намалува ризикот од развој на срцеви болести, како и од рак на простатата.
Најдобра е кога се јаде свежа, бидејќи сите хранливи материи остануваат во неа. Сепак, ако веќе морате термички да ја обработите, тоа нека не биде со варење, бидејќи така во голема мера се намалуваат хранливите материи. Наместо тоа, претпочитајте да ја готвите на пареа, да ја ставите во микробранова печка или дури и да ја испржите, зашто со овие методи, витамините во внатрешноста на растението можат да се зачуваат. И кога веќе ја готвите, гответе ја најмногу 5 минути. Веројатно е најдобро да ја бланширате во жешка вода само неколку секунди.
Десетдневно мени
Диетата со брокула е базирана на едно мени за два дена. Значи, ќе имате пет различни менија за појадок, ручек и вечера кои треба да се применуваат два дена по ред. Кога станува збор за пијалаци, дозволени се вода и незасладено кафе и црн чај. Следи десетдневното мени за диетата со брокула.
Ден 1 и 2
Појадок:
200 гр. зготвена брокула со прстофат сол
50 гр. пченичен леб
1 чаша незасладен црн чај
Ручек:
250 гр. пилешка супа, малку посолена
150 гр. пилешко, варено
100 гр. зготвена брокула
Вечера:
250 гр. зготвена брокула со прстофат сол
1 чаша незасладен црн чај
Ден 3 и 4
Појадок:
200 гр. брокула, зготвена со маслиново масло, една пиперка и лук (оставете ја брокулата да се готви заедно со пиперката и лукот 20 минути )
Ручек:
50 гр. туна зготвена со 150 гр. брокула, средно голем кромид и 2 средни домати (гответе го зеленчукот 20-25 минути па измешајте го со туната)
Вечера:
Исто како појадокот
Ден 5 и 6
Појадок:
100 гр. посно говедско, варено
100 гр. брокула зготвена со 2 лажици млеко со ниска масленост
Салата направена о 100 гр. варена брокула со 2 лажици млеко со ниска масленост
Ручек:
200 гр. брокула бланширана во солена вода
1 парче леб од интегрално брашно
Вечера:
150 гр. посно говедско месо, сварено и малку посолено
1 чаша млеко со ниска масленост
Ден 7 и 8
Појадок:
100 гр. зготвена брокула
2 варени јајца
1 чаша незасладен црн чај
Ручек:
250 мл. пилешка супа, малку посолена
150 гр. варено пилешко месо
100 гр. сварена брокула
Вечера:
250 гр. варена брокула со еден прстофат сол
1 чаша црн чај, незасладен
Ден 9 и 10
Појадок:
100 гр. варена и посолена брокула
2 варени моркови
Ручек:
100 гр. варена и посолена брокула
100 гр. зготвена риба по ваш избор
1 парче леб од интегрално брашно
Вечера:
200 гр. зготвена брокула со прстофат сол
1 варен компир сосе лушпа