Ставете се себеси на прво место

popara16 февруари, 20141min00
32

Еден ден едноставно сакате да се симнете од вртелешката. Не очајувајте, не сте сами. Луѓето, особено жените, имаат обичај да се ставаат себеси на последно место: по семејството, децата, работата, потребите на другите. Проблемот во тоа е што сето тоа не поминува без последици. Ако не се грижиме за себе, нема да можеме да се грижиме за другите. Мора да ги задоволиме сопствените потреби пред да се погрижиме за туѓите и да престанеме да живееме во широко распространетата илузија дека ако сме „зафатени“ и преплавени со обврски всушност сме продуктивни и правиме нешто корисно.

На многу жени тоа „ставање себеси на прво место“ им звучи себично или претешко. Ако ова е случајот и со вас, обидете се со нешто поедноставно: ставете се себеси на исто рамниште со оние кои ви се драги. Нештата веднаш изгледаат полесни, нели? На пример, ако инсистирате децата да се наспијат, направете го истото и вие. Ако одвојувате време да ги однесете кај другарчињата, одвојте време и вие да се видите со пријателките.

Имено, секој човек мора најпрво да ги задоволи своите желби и потреби за да биде способен да постигнува цели и успеси. Многу жени знаат и се свесни дека треба да се грижат за себе, но имаат потешкотии да го применат тоа во пракса.

Еве еден едноставен водич за подобра грижа за себе:

  • Зачувајте ја физичката благосостојба преку доволно спиење, исхрана и вежбање.
  • Ценете го емоционалното здравје исто колку и физичкото. Имајте добар круг на пријатели и смејте се често.
  • Планирајте забавни активности – подеднакво е важно да се опуштите колку што е важно и да работите.
  • Препознајте ги луѓето или ситуациите кои ви ја одземаат енергијата преку создавање на илузија на „зафатеност“. Потоа, или смалете го времето поминато со нив или целосно елиминирајте ги од вашиот живот.
  • Гледајте на проблемите од друга перспектива. На пример, ако сте нова мајка, најдете некој да ви го чува детето ако имате потреба од време за себе.
  • Научете да кажете „не“. Вашето „да“ вреди и ви одзема скапоцено време и не треба да биде кажувано по автоматизам. Чувајте го за нешта кои ви се важни.
  • Не се обидувајте наеднаш да смените сѐ што не е во ред во вашиот живот. Почнете со една област, донесете одлука, па префрлете се на друга.
  • Животот е како штедна книшка. Колку повеќе вложувате во неа, толку повеќе ќе имате. Дури и малите депозити значат многу – подобро е да прошетате сами 10 минути или да изедете еден оброк на мир и ќе забележите позитивни промени во вашето расположение и благосостојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *