
Сместен во дивината близу до Националниот парк Urho Kekkonen во Финска, се наоѓа хотелот Kakslauttanen со еден од најдобрите погледи на Аврора бореалис. Опкружен со дрвја, под небо на кое секој вечер светат милиони ѕвезди, во зимските месеци овој хотел го нуди најдобриот поглед на северната светлина – од топличко.
Ѕидовите и покривот на секое игло, се направени од термално стакло кое го одржува ентериерот топол и пријатен. Стаклото воедно има и заштита против замрзнување, со што панорамскиот поглед е кристално јасен дури и кога надвор температурата е – 30 степени Целзиусови. Просторот е доволно голем за двајца, со цел иглото да може да се загрее ефективно без да троши многу енергија.



