Дознајте дали навистина новиот iPhone 6 Plus се витка (видео)

2 октомври, 20140
1
Деформирани iPhone модели можат да се најдат и тоа во голем број токму во продавниците на Apple, а тимот од Купертино засега не дава никакви информации во врска со ова тврдење.

Вестите за виткањето на новиот iPhone 6 Plus се чини дека немаат намера да стивнат. Во овој петминутен видео запис кој се појави на интернет мрежата, две момчиња влегле во една продавница на Apple со цел да пробаат да го свиткаат златниот iPhone 6 Plus, па самите проверете дали споменатите тврдења се навистина точни.

Тие толку силно се обидоа да го деформираат телефонот што екранот буквално се скрши, што ги натера овие тинејџери да побегнат бидејќи инаку би требало да ја надокнадат штетата која ја направиле.

Момчињата го запрашале и продавачот дали навистина новиот iPhone 6 Plus толку лесно се витка, на што продавачот им одговорил дека се работи само за интернет гласини и дека во таквото тврдење нема никаква вистина.

Инаку, засега сомнежите велат дека алуминиумот од кој е направено куќиштето на новиот iPhone 6 Plus е одговорно за деформирањето на новиот модел.

– Посетивме една од продавниците на Apple каде се обидовме да го свиткаме а потоа го скршивме новиот iPhone телефон. Претпоставувам дека тоа е криминално дело, но тоа и не ме засега премногу да бидам искрен. Вината е всушност на Apple, бидејќи тие се обидуваат да не’ измамат со своите реклами во кои тврдат дека новиот iPhone паметен телефон е најдобар, а тој очигледно и не е најдобар со оглед на тоа дека може да се свитка во рака или џеб. Тоа е смешно, вели едно од момчињата.

Момчињата од овој видео запис сепак не се единствени кои се обидоа да го свиткаат новиот iPhone паметен телефон. Оштетени iPhone 6 Plus модели можат да се најдат во голем број ширум продавниците на Apple. Некои од клиентите дури се обидуваат да го свиткаат и помалиот модел кој е поотпорен. Компанијата Apple сепак засега не дава никаков коментар во врска со ова тврдење.

Тимот од Купертино сепак призна дека постои проблем со свиткување на новиот iPhone уред во одредени ситуации, но дека досега компанијата примила вкупно само девет жалби.

Експретите велат дека целата приказна е навистина претерана, а тоа до некаде го потврдува и самиот тест на Apple кој покажа дека iPhone 6 Plus сепак може да издржи поголема сила од неговиот претходник.

https://www.youtube.com/watch?v=CzPSQl2bmNw#t=46

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi