Дознајте дали сексуално го привлекувате

14 септември, 20140
3

Внимателно набљудувајте го неговото однесување и ќе сфатите дали сака состанокот да го завршите во кревет.
Веќе после неколку минути од првиот состанок можете да откриете дали сексуално го привлекувате. Во тоа ќе ви помогнат неколку очигледни знаци.
Говор на телото
Ако момчето е заинтересирано за вас, тој за време на разговорот ќе го наклонува своето тело кон вас. Тоа е дискретен потег со кој ви покажува дека сака да ви се доближи.
Важни погледи
Неговиот поглед може да ви открие многу… Тешко е да се опише, но погледот кој ве соблекува сигурно ќе го препознаете.
Случајни допири
Ја користи секоја можност да ве допре. Случајни допири на рацете, нозете или колената се само уште еден начин на кој ви праќа порака дека сака подобро да се запознете.
Лоша концентрација
Иако изгледа навистина заинтересиран за разговор, нешто му ја попречува концентрацијата. Најверојатно вашата близина.
Нервоза
Момците сакаат да имаат контрола над своите емоции, но тоа не им оди секогаш од рака. Ако е вознемирен или му се потат дланките, тоа е знак дека го привлекувате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *