Шефот на Фејсбук, Марк Цукенберг според најновите официјални податоци во 2013 година заработил неверојатни 3,3 милиарди долари.
Цукерберг сега ги има искористено сите опции за 60 милиони акции, што ги употреби за полесно плаќање данок по излезот на „Фејсбук“ на берза.
Неговата основна заработувачка во 2013 година падна на еден долар, колку што формално заработува и директорот на „Гугл“ Лери Пејџ.
Марк Цукерберг поседува 426,3 милиони акции во „Фејсбук“, што се проценуваат на вкупна вредност од 25,7 милијарди долари.