Според изворите дознаваме дека Сања и Слаткар судбоносното “ДА“ ќе го кажат во септември односно тогаш е закажана свадбата.
Се знае исто така дека кумот ќе биде Мартин, еден од најдобрите пријатели на Марко, а старосватица ќе биде најдобрата другарка на Сања. Истото го изјавила самата таа за Вечер.
Сања вели дека се уште нема конкретни детали околу венчавката.
И покрај тоа што уште не знаат каде ќе се венчаат, парот веќе ги има одбрано кумот и старосватицата кои ќе бидат нивни сведоци во црква и матично.
Двојката веќе неколку години живее заедно во станот на манекенката, а во врска се цели пет години. Сања инаку работи и како пи-ар на Слаткар и му ја води кариерата.
Ние им посакуваме вечна љубов!