Кои денови од седмицата ви носат среќа, а кои малер?

popara2 април, 20141min00
3

Понеделник

Не треба да почнувате ништо бидејќи ова е ден кога Месечината е многу променлива. На овој ден обично сме емотивни, нерасположени, но и под силно влијание на интуицијата. За многу луѓе ова е најпредизвикувачкиот ден од неделата. Најдобри активности за во понеделник се: медитација, анализирање, лични задоволства, одмор, релаксација, спиење.

Вторник

Во вторник владее Марс. Овој ден ја поттикнува продуктивноста, компетицијата, ефективноста и одлучноста. Поволен е за завршување на сите рутински работи кои се однапред договорени и не бараат преголема ментална активност. Но, покрај тоа што е одличен ден да ги завршите заостанатите работи, добар е и за започнување нови проекти. Одлични активности за во вторник се: реализирање на нови идеи, градење стратегии во кариерата и на работа, стартување нови проекти, расчистување, вежбање, дополнување на to-do листите.

Среда

Среда е ден на комуникацијата, кога работите ги разбираме на екстремно прецизен и ефикасен начин. Ова е поволен ден за коресподенција, маркетиншки активности, состаноци, преговори и кратки патувања. Со среда владее Меркур, заради кој е и поволен ден за дружење и забава.

Четврток

Четврток е најпродуктивниот ден во неделата. Со овој ден владее Јупитер, кој има моќ да го распали огнот во нас и да нѐ натера да делуваме. Јупитер е планета на претприемништвото и експанзијата. Поволен е за важни работи како: потпишување договори, поврзување со нови соработници, учење и финансиски трансакции. Многу е поволен и за долгорочно планирање. Јупитер носи голема позитивна енергија која може да се почувствува во текот на целиот ден.

Петок

Венера владее на овој ден, која е симбол на љубовта, конекцијата, припадноста, удобноста, вниманието, сензуалноста и страста. Затоа е идеален ден за партнерот, семејството, пријателите и децата. Одличен е за подготовки за викенд, одмор, масажа, забава и релаксација. Бидејќи е ден на уживањето, испланирајте посета на спа-центар, салон за убавина, кино и слично. Најтипично е да го искористите за многу романтика.

Сабота

Со сабота владее Сатурн кој е заслужен за помагањето на другите. Поминете време со семејството, со своите баба и дедо. Нахранете ги гладните. Саботата е препорачлива за мир и чистење во домот. Но, исто така овој ден е и оптимален за завршување на работите (не толку многу како во четврток), планирање на неделата која следува, подготовка за идните активности, учење итн.

Недела

Со недела владее Сонцето. Идеален е за активен одмор со семејството, пријателите и соседите. Сонцето е во духот на споделувањето, изразувањето, распространувањето, осветлувањето и растот. Затоа е добар ден за одмор и релаксација, забава со саканите, купување за дома, готвење и слично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag