Дознајте што се случува со вашите коски додека вежбате јога

10 октомври, 20140
Дознајте што се случува со вашите коски додека вежбате јога
Колку можностите на човечкото тело можат да бидат фасцинантни ни докажува и овој рендгенски приказ на човечки скелет додека чичноста зазема различни пози.

Уметничката група HybridMedical овојпат направија интересна видео анимација која ни покажува како изгледа човечкото тело за време на јога вежбите.

Тие всушност се потрудија да ни го претстават човечкиот скелетен систем колку што е можно пореалистично, користејќи ги советите на лекарите, но и користејќи примероци од рендген слики.

Наместо да направат статична фотографија, тие направија комбинација од повеќе јога вежби со сосема нов визуелен пристап со цел да се “оживее” човечкиот слекет.

Реалистичниот приказ може одлично да се забележи бидејќи е постигнато правилно покажување на густината на коските и коскената срж, во внатрешноста на секоја коска.

И дека можностите на човечкото тело можат да бидат навистина фасцинантни, овојпат ќе ни докаже и овој малку поинаков видео приказ. Погледнете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi