Држете ги настрана од вас „енергетските вампири”

26 септември, 20140
5

Сигурно често ви се случува да дојдете во допир со луѓе кои постојано се жалат, зборуваат само за своите проблеми, не ви даваат да дојдете до збор, преокупирани се со проблемите на другите, раскажуваат негативни случки, склони се кон расправии, едноставно ве заморуваат и ви создаваат негативни емоции.

Таквите луѓе се т.н. енергетски вампири, личности кои со своето негативно однесување и размислување ни ја црпат енергијата.

Иако можеби не го прават тоа свесно, енергетските вампири шират негативна енергија, а самата нивна појава и разговорот со нив негативно се одразуваат на нашето расположение и здравје.

Избегнувајте ги ваквите луѓе, па дури и ако тоа се ваши блиски роднини или пријатели.

Никој не е должен постојано да слуша за туѓите проблеми, да биде сведок на разговори кои немаат друга цел освен да озборуваат, да споделуваат негативни случки и несреќи и да шират негативна енергија.

Не дозволувајте да ви ја црпат енергијата бидејќи тоа лошо ќе се одрази на вашето физичко и ментално здравје.

Ако не можете да ги избегнете ваквите луѓе, едноставно кажете им дека не сакате да слушате за несреќи и негативни нешта и свртете го разговорот во друга насока или едноставно „исклучете се” и не слушајте што ви зборуваат.

Дружете се со позитивни личности и трудете се и самите да бидете позитивни, бидејќи мислите имаат неверојатна моќ да се одразат на здравјето, а дали ефектот ќе биде позитивен или не, зависи исклучиво од вас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi